Анонимуси го предупредуваат Путин: Доаѓаме по вас. Очекувајте не!

Објавено на 06.04.2022 во Новости



Анонимуси го предупредуваат Путин: Доаѓаме по вас. Очекувајте не!

Хакерската група Anonymous објави видео порака, наменета за рускиот претседател Владимир Путин и неговите „кремљски кучиња“. На видеото објавено на YouTube каналот Anonymous, наведуваат дека „се вратиле, затоа што се потребни“. 

„Луѓето веќе нема мирно да набљудуваат додека им ги одземате правата, парите и животите. Нема да ви дозволиме веќе да ја уништувате нашата планета, нема да прифатиме да ја труете нашата вода, храна и воздухот што го дишеме. Чекавме нештата да се променат, но дојдовме до заклучок дека со моменталниот систем, промената нема да дојде. Сега е време да го уништиме и замениме актуелниот систем. Доаѓаме по вас. Очекувајте не“, зборува човекот со маска на видеото.