Џеф Безос и Amazon во вселената ќе испратат 83 ракети и 3200 сателити во следните 5г.

Објавено на 07.04.2022 во Новости



Џеф Безос и Amazon во вселената ќе испратат 83 ракети и 3200 сателити во следните 5г.

Џеф Безос го развива Project Kuiper во рамките на Amazon, што е слична услуга како Starlink на Илон Маск. Компанијата во период од пет години обезбеди дури 83 лансирања на своите сателити во орбитата преку ракети од три компании. Планирани се 3200 сателити да се испратат во вселената.

Amazon прво планира две мисии за тестирање, кои се планирани за вториот дел од оваа година. Во тие мисии нема да користат ракети од спомнатите компании, туку ракети од ABL Space Systems, затоа што моментално ниту една од ракетите со кои што сателитите на Amazon би требало да одат во вселената, се уште не е довршена и на нивниот развој се уште се работи.