Роботите може да бидат нежни и внимателни, лупи банана подобро од човек

Објавено на 08.04.2022 во Новости



Роботите може да бидат нежни и внимателни, лупи банана подобро од човек

Роботите во Јапонија во фабриките извршуваат едноставни задачи или доставуваат храна до посетителите на рестораните, но научниците сега претставија и робот способен за лупење банана, без да го згмечи овошјето. Машината со две раце е успешна само во 57% од случаите, но сепак ова е голем чекор напред.

Лупењето на банана укажува на иднината во која што машините ќе извршуваат суптилни операции од поместување на металните делови или достава на кафе. Погледнете го видеото одозгора.