Epic Games и Lego најавија развој на metaverse, безбеден за децата

Објавено на 08.04.2022 во Игри



Epic Games и Lego најавија развој на metaverse, безбеден за децата

Со цел да се направи metaverse што ќе биде прилагоден за најмалите, во кои што нема да има никакви проблеми, Epic Games и Lego најавија долгорочно партнерство. Заедничката цел е да создадат безбедно и забавно виртуелно опкружување за фамилијата и децата од сите години.

Epic Games, компанијата најпозната по Fortnite, ќе овозможат технологија потребна за развој на дигиталните светови и креации, додека Lego ќе помогне со повеќегодишното искуство во развојот на детската креативност и фантазијата.