Вработените на Twitter во страв дека Илон Маск може да ја уништи културата на компанијата

Објавено на 08.04.2022 во Новости



Вработените на Twitter во страв дека Илон Маск може да ја уништи културата на компанијата

Twitter неделава е главна тема на разговор во технолошката индустрија после објавата дека Илон Маск станал негов најголем акционер и дека влегол во управниот одбор на компанијата. 

Со доаѓањето на шефот на Tesla, најавен е еден голем новитет на социјалната мрежа, а тоа е воведувањето на опции за уредување на објави, што корисниците го бараат веќе со години. Маск веќе најави „значителни подобрувања“ во Twitter, што предизвикало голем интерес кај корисниците, но повеќето вработени и не се многу воодушевени со изборот на новиот член во одборот. Тие сметаат дека тој ќе ја оштети културата на компанијата.