Новата генерација на Galaxy Z Fold 4 ќе има подобрена камера

Објавено на 08.04.2022 во Новости



Новата генерација на Galaxy Z Fold 4 ќе има подобрена камера

Побарувачката за преклопни смартфони постојано расте. Технологијата напредува, екраните се подобри и поиздржливи, а цената и веќе не е толку голема како кај првите модели. 

Квалитетот на фотографиите е најважниот детал што сакаат корисниците да го доживеат кај новите модели на смартфони. Samsung со следниот Galaxy Z Fold 4 ќе ја подобри камерата во споредба со претходниците. Fold 4 ќе биде со телефото камера со резолуција од 10MP со 3х зум, би требало да биде истиот сензор што го има и Galaxy S22. 

Новиот Fold би требало да има две класични задни камери и предна страна на камерата за снимање на селфи, чија резолуција би била 10MP. Со оглед на тоа што Fold 3 има две селфи камери, од кои 4MP е камерата сместена под екранот, не е познато дали се однесува на спомнатата 10MP примарна камера за селфи или камерата под екранот. 

Автор: Aleksandar Stankov