Умира ли Twitter? Илон Маск објави список со топ популарни и неактивни корисници

Објавено на 10.04.2022 во Новости



Умира ли Twitter? Илон Маск објави список со топ популарни и неактивни корисници

Илон Маск објавил твит „умира ли Twitter“, при што мислел на тоа што најпопуларните корисници на мрежата се неактивни. Маск објавил список со десетте најследени профили на оваа мрежа, кои имаат од 77 до 131 милион следбеници.

Тејлор Свифт ја спомнал во твитот, за која што вели дека не објавила ништо три месеци, додека Џастин Бибер оваа година објавил само еден твит. Маск се наоѓа на осмото место на овој список и веројатно е најактивниот корисник од топ 10 лица со најголем број на следбеници и понекогаш изгледа како да живее во Twitter, затоа што постојано нешто објавува и често комуницира со други корисници на оваа мрежа.