Ако сакаат да опстанат, телевизиите ќе мора да се прилагодат кон Метавселената

Објавено на 10.04.2022 во Игри



Ако сакаат да опстанат, телевизиите ќе мора да се прилагодат кон Метавселената

Телевизиските куќи веќе се обидуваат да ги стигнат интернет гигантите од гејминг индустријата за да го привлечат вниманието на помладата публика и така да добијат приходи од реклами. Постарите потрошувачи се уште се поврзани со традиционалната телевизија, но гледаноста меѓу младите од 35 години во последната година се намали за 50% и така ќе продолжи да опаѓа се додека Метавселената се развива.

Младите луѓе еволуираа од пасивни гледачи на ТВ до активни играчи и се тргнаа од компјутерските екрани во корист на смартфоните. ТВ каналите ќе умрат заедно со своите публики, вели Фредерик Каваца, ко-основач на француската компанијата специјализирана за дигитална трансформација, Sysk.

Телевизиските куќи ќе мора да се натпреваруваат со гејминг платформите како што се Roblox, Fortnite и Minecraft, со цел да допрат до помладата публика, кои се веќе доминантни на пазарот и се сметаат за претходници на Метавселената.