ФОРБС список со најбогатите луѓе во светот за 2022 година

Објавено на 11.04.2022 во Новости



ФОРБС список со најбогатите луѓе во светот за 2022 година

12,7 илјади милијарди долари тежат вкупно најбогатите луѓе во светот, кои 2021 година беа 2.755 на број, а за 2022 година се намалени од пандемијата на 2.668 милијардери. Според ФОРБС, ова се најбогатите луѓе во светот:

1. Илон Маск (50)
Извршен директор, Тесла
279,5 милијарди долари нето вредност, пад од 10,8 милијарди долари (3,73%) во однос на 2021

2.Џеф Безос (58)
Претседател и основач, Амазон
184,5 милијарди долари нето вредност, пад од 5,3 милијарди долари (2,79%) во однос на 2021

3.Бернард Арно и семејството (73)
Претседател и извршен директор, LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton
168 милијарди долари нето вредност, 7 милијарди долари (4,00%)заработка во однос на 2021

4.Бил Гејтс (66)
Коосновач, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс
133,7 милијарди долари нето вредност, заработка од 1,3 милијарди долари (0,96%)во однос на 2021

5.Ворен Бафет (91)
Извршен директор, Беркшир Хатавеј
124,4 милијарди долари нето вредност, добивка од 238 милиони долари (0,19%) во однос на 2021

6. Лери Пејџ (49)
Коосновач и член на одборот, Alphabet
115,9 милијарди долари нето вредност, добивка од 3,1 милијарди долари (2,61%) во однос на 2021

7. Сергеј Брин (48)
Коосновач и член на одборот, Alphabet
111,3 милијарди долари нето вредност, добивка од 3 милијарди долари (2,58%) во однос на 2021

8. Лери Елисон (77)
Основач на Oracle
114,2 милијарди долари нето вредност, загуба од 1,9 милијарди долари (1,66%) во однос на 2021

9. Стив Балмер (66)
Сопственик, Лос Анџелес Клиперс
96,5 милијарди долари нето вредност, добивка од 3 милијарди долари (3,04%) во однос на 2021

10. Мукеш Амбани (64)
Основач и претседател, Reliance Industries
98,6 милијарди долари нето вредност, 2,2 милијарди долари (2,19%) загуба во однос на 2021

Автор: Aleksandar Stankov