Google Play Store избриша 10 апликции поради тајно собирање на лични податоци

Објавено на 11.04.2022 во Android



Google Play Store избриша 10 апликции поради тајно собирање на лични податоци

Google избриша повеќе од 10 апликации од Play Store, откако биле откриени кодови што собираат лични податоци од корисниците, телефонските броеви и мејловите. Интересно е што на списокот со избришани апликации од продавницата има и скенер за QR код, апликација за временска прогноза и муслимански молитвени апликации. Некои од апликациите се преземени над 10 милиони пати.

„Сите апликации на Google Play Store мора да бидат во согласност со нашите правила, без оглед на програмерите. Кога ќе утврдиме дека некоја апликација ги прекршува нашите правила, преземаме соодветни мерки“, изјави претставникот на Google за BBC.