Samsung Galaxy A54 5G: Објавени се неофицијални рендери со дизајнот

Објавено на 11.04.2022 во Новости



Samsung Galaxy A54 5G: Објавени се неофицијални рендери со дизајнот

Минатата недела Samsung официјално го пушти во продажба новиот модел на Galaxy A53 5G, а сега се појави и A54 моделот од следната генерација за следната година. LetsGoDigital објави веродостојни рендери, кои демонстрираат како може да изгледа Samsung Galaxy A54 5G кога ќе биде објавен. 

Дизајнот не е многу различен од моменталниот модел, со одредени промени и финеси во модулот на задната камера. Се очекува Galaxy A54 5G да биде со 6,5-инчен AMOLED екран со Full HD + резолуција и освежување на екранот од 120Hz, но големината на екранот треба да биде помала.

Главниот сензор би требало да биде 64MP, ќе има и ултра широк сензор од 12MP, сензор за длабочина од 5MP и макро сензор од 5MP. Селфи камерата би требало да биде 32MP.