Илон Маск го најави производството на Cybertruck, Roadster и роботот Optimus

Објавено на 11.04.2022 во Новости



Илон Маск го најави производството на Cybertruck, Roadster и роботот Optimus

Во фабриката во Тексас, Илон Маск го одржал Cyber Rodeo настанот, на кој што зборувал за плановите на компанијата, односно новите роботи на Tesla - Optimus. Следната година CyberTruck почнува со производство, првиот пикап на Tesla.

Cybertruck се очекува да биде голем продажен хит, се разбира, доколку се покаже квалитетен како што се претставува, со стакла отпорни на куршуми. Следната година Tesla Semi треба да почне со производство, и Roadster исто така. 2023 година ќе биде дефинитивно возбудлива за љубителите на оваа компанија.

Роботакси исто така не е далеку од реализацијата, кое се очекува да изгледа супер футуристички, за кое што се зборува дека се копа тунелот од страна на другата компанија на Маск - The Boring Company.