OnePlus и Vivo спремаат сопствени преклопни телефони

Објавено на 13.04.2022 во Новости



OnePlus и Vivo спремаат сопствени преклопни телефони

Покрај Samsung, за кој што знаеме дека ја спрема новата генерација на своите смартфони со флексибилни екрани, последните информации се дека и OnePlus и Vivo спремаат исто такви модели. Интересно е она што OnePlus ќе го базира својот смартфон врз основа на Oppo Find N моделот, кој што новинарите го сметаат за еден од најдобрите преклопни телефони во светот.

OnePlus ќе биде хардверски идентичен како Find N. Единствената разлика ќе биде оперативниот систем. Тој ќе  биде глобално достапен на сите пазари, само што ќе треба да почекаме уште некое време додека да биде официјално објавен. Vivo X Fold ќе биде првиот преклопен смартфон, за кого веќе се објавени фотографии на Twitter. Би требало да пристигне со два екрана, при што надворешниот екран ќе биде 6,53 инчи, додека внатрешниот ќе биде 8,03 инчи.