Rimac Nevera со екстремно тестирање на снегот во близина на Арктикот

Објавено на 13.04.2022 во Новости



Rimac Nevera со екстремно тестирање на снегот во близина на Арктикот

Првите примероци на Rimac Nevera наскоро треба да бидат доставени до своите купувачи, но пред да се случи тоа, тимот од Света Недела поминал уште едно тестирање во екстремни услови. Овој пат ја одвеле Nevera во близина на Арктичкиот круг во Шведска.

Екипата се фокусирала на тестирање во текот на ноќта, кога температурите се екстремни и овозможиле подесување на системот како што е ABS, ESP и torque vectoring.