Samsung: Нова програма за поправка на телефоните ги намалува трошоците за поправка за 50%

Објавено на 13.04.2022 во Туториали



Samsung: Нова програма за поправка на телефоните ги намалува трошоците за поправка за 50%

Samsung неодамна објави програма за само-поправка на телефони и таблети и сега компанијата наводно планира да ги употреби рециклираните делови за поправка. Samsung склучил соработка со експерти од iFixit за да може да креира полесни поправки преку (DIY) „направи сам“ проектот. 

Јужнокорејската компанија ќе започне со продажба на делови како што се екрани, задно стакло и портови за полнење за Galaxy S20, Galaxy S21, и Galaxy Tab S7+. Корисниците се интересираат за оваа програма за само-поправка на своите уреди со помош на туторијали и водичи од компанијата.