Претставена е кредитната картичка базирана на криптовалути

Објавено на 14.04.2022 во Новости



Претставена е кредитната картичка базирана на криптовалути

Nexo Card во почетна фаза ќе биде достапна само во неколку европски земји, а ќе функционира како кредитна картичка со дигитален имот како залог за одобрен кредит. Картичката е поврзана со кредитната линија што ја одобрува Nexo, а се базира на расположивити криптовалути. Може да се користи кај 92 милиони трговци низ цел свет, кои што го прифаќаат плаќањето со Mastercard.

Купувачите ќе може да потрошат до 90% депонираниот крипто имот, тврдат од Nexo. Картичката не вклучува минимален износ на отплата на кредитот, ниту месечна провизија за неактивност. Нема ниту девизни надомести за износи до 20.000 евра месечно, велат од Nexo.