Microsoft спрема надградба за последната генерација на Xbox

Објавено на 14.04.2022 во Игри



Microsoft спрема надградба за последната генерација на Xbox

Microsoft неодамна ја претстави новата генерација на својата играчка конзола на Xbox, која е за два модела: Series X и Series S. И понатаму побарувачката е поголема од понудата, но изгледа дека веќе се спремаат и некои промени за конзолата. Компанијата спрема нов, подобрен чип, кој што би можел да се користи во конзолите во иднина. 

Изгледот на новата конзола ќе остане ист, а новиот чип ќе ја подобри ефикасноста на конзолата и што е најважно, ќе биде поевтин за производство. Експертите тврдат дека новиот модел нема да има никакви внатрешни подобрувања во перформансите. Доброто ќе биде што потрошувачката ќе биде помала.