Google претстави апликација за префрлање на податоци од iPhone на Android
Објавено на 15.04.2022 во Новости
При купувањето на новиот телефон, префрлањето на податоци од една платформа на друга е малку потешко. Apple порано ја претстави апликацијата што овозможува префрлање на содржината од Android на iPhone, а сега се појави и апликација за префрлање на податоци од iPhone на Android - Switch to Android.
Треба да се нагласи дека до апликацијата „Премин кон Android” не може да се дојде преку пребарување во App Store, туку само преку директен линк, кој наскоро ќе биде достапен со пребарување во продавницата за апликации на Apple, односно кога Google ќе биде готов со апликацијата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.