WhatsApp ќе воведе Last Seen опција за да знаете дали ве игнорираат

Објавено на 19.04.2022 во Новости



WhatsApp ќе воведе Last Seen опција за да знаете дали ве игнорираат

WhatsApp има нова надградба со емоџи реакции за корисниците, а со најновата бета верзија на апликацијата, социјалната мрежа додаде опција што им овозможува на корисниците да го ограничат „last seen“ статусот за одредени контакти.

Новата функција може да ви покаже кога некој последен пат влегол во апликацијата, што ќе ви помогне да откриете дали некој намерно или случајно не ги чита вашите пораки. Под опцијата „Last seen“ ќе се појави „Мои контакти освен…“, каде што ќе може точно да поставите кој може и кој нема да може да го види вашиот статус.