iPhone 14 протече со скицирани цртежи, кои се разликите меѓу четирите модели

Објавено на 19.04.2022 во Новости



iPhone 14 протече со скицирани цртежи, кои се разликите меѓу четирите модели

6.1-инчениот iPhone 14 Pro и 6.7-инчениот iPhone 14 Pro Max ќе бидат со нов дизајн, додека регуларните модели 6.1-инчениот iPhone 14 и 6.7-инчениот iPhone 14 Max, нема да имаат големи промени во 2022. 

Акаунтот Cosmic Ultra Machine (via ShrimpApplePro) објавил скици со разликите во дизајнот на сите четири модели. iPhone 14 Pro и Pro Max ќе имаат поголеми испакнатини за камерата од задната страна, со 48MP главен сензор кај најдобриот модел, кој го заменува сензорот од 12MP. 

Новата поголема резолуција ќе ја подобри репутацијата на iPhone, како телефон со најдобра камера, но најважно е тоа што сензорот ќе биде за 35% поголем од претходниот. iPhone 14 и 14 Max доаѓаат со помала испакнатина на камерата. Pro моделите се очекуваат да бидат со најновиот A16 Pro чип. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: