Кревет за гејмери што се прилагодува, сон за секој гејмер

Објавено на 20.04.2022 во Игри



Кревет за гејмери што се прилагодува, сон за секој гејмер

Сите гејмери се грижат секогаш за својата опрема да им биде врвно професионална, на која што ќе може да се опуштат и препуштат на игрите. Хардверот, софтверот и опремата за гејмање секогаш мора да биде беспрекорна.

​​Bauhutte, јапонска компанија за производство на гејминг опрема, лансирала кревет за гејминг пазарот, кој што ќе може да се прилагодува по желба на страстните играчи. Креветот се вика „The Electric Gaming Bed“, а покрај креветот има и различни додатоци, како што се: простор за складирање облека, полици за енергетски пијалоци и друго. Креветот на Bauhutte чини во Јапонија околу 1.130 долари.