Јапонски истражувачи направиле електрични стапчиња за јадење со вкус

Објавено на 20.04.2022 во Туториали



Јапонски истражувачи направиле електрични стапчиња за јадење со вкус

Јапонски истражувачи развиле компјутеризирани стапчиња за јадење, кои регулираат колку солено да биде јадењето и со тоа би можеле да им помогнат на лицата кои што поради здравствени причини би требало да го намалат внесувањето на натриум во организмот.

Стапчињата влијаат врз подобрување на вкусот на јадењето, така што користат електростимулација и мини компјутер, кој што се носи околу зглобовите, како нараквица. Уредот употребува електрична струја со цел од храната да ги пренесе натриумските јони преку стапчето за јадење до устата, каде што се создава чувството на солен вкус. Како резултат на тој процес, солениот вкус се појачува за 1,5 пати.