Netflix конечно ќе ги отстранува профилите што не сакаат да плаќаат претплата

Објавено на 20.04.2022 во Новости



Netflix конечно ќе ги отстранува профилите што не сакаат да плаќаат претплата

Стриминг сервисот поднел извештај со загуба од 200,000 корисници во првата четвртина од 2022, по што акциите му паднаа. Netflix овој пат е принуден да престане со споделувањето на лозинката. Компанијата објави официјално дека губи многу корисници. Од 221.84 милиони корисници, се намалиуле на 221.64 милиони корисници втората четвртина.

Бројките на корисници се очекуваат да се намалуваат и понатаму, кои до следната четвртина би можеле да се намалат на 219.64 милиони луѓе. Netflix проценува дека од своите 222 милиони претплатници, имаат и дополнителни 100 милиони корисници што гледаат Netflix преку споделување на лозинка од друг корисник, што е голем придонес за загуба. Компанијата работи на случајот за да го забрани споделувањето на лозинки, а истовремено ќе овозможи монетизација за користењето во повеќе домови.