Илон Маск за живеењето на Марс: Тешко, напорно и тесно, на -62,22 степени

Објавено на 21.04.2022 во Вселена



Илон Маск за живеењето на Марс: Тешко, напорно и тесно, на -62,22 степени

Илон Маск опишува како ќе изгледа животот на Марс: Нема да има луксуз. Ќе биде опасна, тесна, тешка и напорна работа“. Колонизацијата на Марс нема да биде за луѓе со чувствителен карактер, тврди шефот на SpaceX и најбогатиот човек на светот, Илон Маск.

Многу е важно да се нагласи дека Марс, особено во почетокот, нема да биде луксузен. Маск ги споредува регрутациите за Марс со оглас од 1900-та година за експедиција на Антарктикот со истражувачот Ернесто Шаклтон. Огласот оттогаш беше откриен како мит, но ги повикуваше мажите што се подготвени да заминат на опасно патување, со сомнително враќање.

Продажниот предлог за заминување на Марс е дека можеби нема да успеете да се вратите, тешка и напорна е таа работа, тврди Маск. Да живеете на Марс, планета со просечна температура од -62,22 степени Целзиусови, би било далеку потешко да живеете одошто на Антарктикот, област со просечна температура од -56,67 степени Целзиусови. 

Автор: Aleksandar Stankov