ЕУ усвои предлог закон за воведување на еден полнач за сите мали електронски уреди

Објавено на 21.04.2022 во Смарт



ЕУ усвои предлог закон за воведување на еден полнач за сите мали електронски уреди

Хрватската европарламентарка Билјана Борзан, објави дека нејзиниот Одбор за заштита на потрошувачите во Европскиот парламент, усвои денес предлог закон со кој што се воведува единствен полнал за малите електронски уреди.

„Над 10 години Европскиот парламент бара воведување на единствен полнач. Да се донесеше овој закон кога го баравме, не би биле фрлени 130 илјади тони полначи, а граѓаните не би биле приморани постојано да купуваат нови полначи“, објаснила Билјана Борзан.

Предлогот на парламентот го зголеми списокот на електронски уреди што ќе се користат за истиот полнач со USB-C. Освен мобилни, таблети, камери, звучници, гејминг конзоли, се опфаќаат и лаптопите, е-читачи, слушалки, тастатури, глувчиња, принтери, екрани, навигациски уреди, дигитални радио уреди, електронски играчки, смарт часовници, уреди за лична нега и слично. Се проценува дека со овој предлог, ЕУ граѓаните годишно ќе заштедат 250 милиони евра.