Delta Air Lines го тестираше интернетот на Starlink

Објавено на 21.04.2022 во Вселена



Delta Air Lines го тестираше интернетот на Starlink

Сателитската интернет мрежа на SpaceX конечно тестирана од страна на американската авиокомпанија Delta. Со тоа покажува дека една од најголемите американски авиокомпании е заинтересирана за сателитската интернет услуга на SpaceX.

Извршниот директор на Delta Air Lines, Ед Бастијан, потврдува дека е тестирана Starlink технологијата за вселенски интернет. SpaceX се уште не потврдува ништо и се обидува да го „финализира производот што ќе се најде во авионите во многу блиска иднина“.  Starlink технологијата е преголема за патнички автомобили, но SpaceX веќе побарал дозвола од властите за да ги обезбедува своите услуги за возила во движење, авиони, чамци и камиони.