Ќе ја прифати ли Управниот одбор конечно понудата од Илон Маск

Објавено на 25.04.2022 во Новости



Ќе ја прифати ли Управниот одбор конечно понудата од Илон Маск

Управниот одбор на Twitter нема да ја прифати понудата на Илон Маск за преземање на компанијата, но опцијата сепак не е исклучена. Според информациите што се објавени во текот на овој викенд, членовите на одборот наводно се состанале со Маск за да разговараат за понудата и потенцијалната аквизиција.

Да потсетиме, според информациите од SEC, Маск обезбедил 46,5 милијарди долари за преземање на оваа популарна социјална мрежа. Илон Маск добил поддршка од Морган Стенли и други финансиски институции. Маск веќе поседува 9% од акциите на Twitter, кој не е задоволен како социјалната мрежа и затоа сака да ги земе работите во свои раце и да воведе промени. 

Според аналитичарот Ден Ајвс од Wedbush Securities, многу инвеститори сметаат дека ова е почетокот на крајот на Twitter како јавна компанија, а Илон Маск ќе биде лидерот.