Илон Маск конечно го купи Twitter за неверојатни 44 милијарди долари

Објавено на 26.04.2022 во Новости



Илон Маск конечно го купи Twitter за неверојатни 44 милијарди долари

Илон Маск вчера конечно го купи Twitter за 44 милијарди долари, соопштија од компанијата. Според условите на договорот, акционерите ќе добијат по 54,20 долари во готовина за секоја акција што ја поседуваат на Twitter, што се вклопува со првичната понуда на Маск и значи дека ќе има 38% премија во споредба со цената на акциите на денот пред Маск да го открие својот удел во компанијата, пишува CNN.

Извршниот директор на Tesla ја доби  компанијата со 217 милиони корисници и влијателна улога во обликувањето на политичката и медиумската агенда од двете страни на Атлантикот. „Сакам да го направам Twitter најдобар од било кога, да го подобрам со нови спецификации, со алгоритми со отворен код, да ја зголемам довербата, да ги победам спам ботовите и да ја проверам автентичноста на сите луѓе. Twitter има огромен потенцијал, се радувам. Се надевам дека и моите најлоши критичари ќе останат на Twitter, затоа што тоа значи слобода на говор“, објавил Маск.