Борците за човекови права загрижени поради говорот на омраза после купувањето на Twitter од Маск

Објавено на 26.04.2022 во Новости



Борците за човекови права загрижени поради говорот на омраза после купувањето на Twitter од Маск

Маск јавно го критикуваше Twitter поради контрола на содржините што се објавуваат на платформата, изјави дека Twitter треба да стане вистински форум за слободата на говор. Во официјалното соопштение Маск ја опиша слободата на говор како „темел на функционалната демократија“.

Борците за човекови права сметаат дека Twitter не е било каква компанија. Без оглед на тоа кој е сопственик, компанијата има обврска да ги почитува правата на луѓето од цел свет, кои што се корисници на платформата. Промената на пракса, спецификациите и алгоритмите, може да имаат штетно влијание и да предизвикаат насилство, изјавила Дебора Браун, истражувач за дигитални права и адвокат во "Humans Right Watch" (HRW). Сободата на изразување не е апсолутна и затоа Twitter мора да вложи напорни да ги заштити своите најранливи корисници на платформата, додава Браун.