Нова потенцијална аквизиција: Следната мета е Ubisoft

Објавено на 26.04.2022 во Игри



Нова потенцијална аквизиција: Следната мета е Ubisoft

На пазарот на видео игри моментално се случуваат тектонски поместувања, со оглед на тоа што пазарот се зголемува и постојано има потреба од промени. Take-Two ја купи Zynga, Sony изврши аквизиција на Bungi, најголемото преземање на Microsoft беше за Activision Blizzard за 69 милијарди долари, а следната позната гејмерска компанија е Ubisoft.

Компанијата позната по игрите Far Cry и Assassin's Creed во последно време има проблеми, од пад на цената на акциите, доцнење со производството, но и лошите работни услови, како и незадоволителните примања поради кои што ги губат своите вработени. Инвестициските компании Blackstone и KKR & Co. моментално го испитуваат теренот и работата со Ubisoft, но досега немало никакви преговори за преземање. Експертите сметаат дека треба да очекуваме продажба на Ubisoft, што ќе биде следната голема аквизиција на гејмерскиот пазар.

Автор: Aleksandar Stankov