Четворица астронаути успешно полетале кон вселената со ракета на SpaceX

Објавено на 27.04.2022 во Вселена



Четворица астронаути успешно полетале кон вселената со ракета на SpaceX

SpaceX лансираше ракета со четворица астронаути во орбитата со лет до Меѓународната вселенска станица (ISS) во соработка со НАСА. Лансираната ракета на SpaceX е Falcon 9, со капсулата Crew Dragon на врвот, која се нарекува Freedom.

Четворочлениот екипаж во средата полетал во 03.52 часот по локално време од вселенскиот центар Kennedy, Cape Canaveral. Ако се одвива се според планот, тројцата американски астронаути и членката на Европската вселенска агенција (ESA) од Италија, ќе стигнат до вселенската станица во четврток околу 20:15 часот, после 17 часовен лет, според источно летно време (00.15 GMT).

Автор: Aleksandar Stankov