Tesla вчера изгуби 126 милијарди долари пазарна вредност, наводно поради Маск и Twitter

Објавено на 27.04.2022 во Електричен погон



Tesla вчера изгуби 126 милијарди долари пазарна вредност, наводно поради Маск и Twitter

Илон Маск ги полни насловните страници во медиумите со преземањето на Twitter. Сега прашање е како неговиот нов ангажман ќе влијае врз Tesla Inc. Инвеститорите имаат мала недоверба во Маск, што влијае со намалување на вредноста на Tesla Motors на берзата. 

Еден ден после официјалното објавување на информациите за аквизицијата, вредноста на Tesla Inc. падна за 12%, односно избришани се 126 милијарди долари пазарна вредност на компанијата. Од Reuters тврдат дека причината за големиот пад на Tesla е поради ситуацијата со Twitter.