Марк Цукерберг ја отвара првата продавница на Meta

Објавено на 28.04.2022 во Новости



Марк Цукерберг ја отвара првата продавница на Meta

Марк Цукерберг најавува отварање на првата продавница на Meta, во која што корисниците ќе може да купат од нивните производи и подобро да се запознаат со хардверот што им треба за пристап кон Metaverse. 

Во продавницата ќе има Quest VR очилата, смарт дисплејот Portal и очилата што беа лансирани во соработка со брендот Ray-Ban. Најавена е нова онлајн продавница за подобро искуство преку интернет. На 9 мај ќе биде отворена првата Meta продавница во калифорнискиот град Бурлингејм, со оглед на тоа што седиштето на компанијата ќе биде во близина на Reality Labs.