Анонимуси му се заканија на Gazprom поради прекин на рускиот плин за Полска и Бугарија

Објавено на 29.04.2022 во Новости



Анонимуси му се заканија на Gazprom поради прекин на рускиот плин за Полска и Бугарија

Откако Полска и Бугарија одбија да го плаќаат плинот во рубљи, рускиот енергетски гигант Gazprom одлучи да ги стопира сите испораки на плин во тие земји. Украина вели дека Русија ја уценува ЕУ со енергијата, но од Кремљ велат дека тоа е само последица од „незапаметени непријателски потези“, повлечени против Русија.

Хакерската група Anonymous реагирала на овој потег, со тоа што изјавиле дека со овој потег си нацртале уште поголема мета на грбот. Anonymous неодамна објавиле 768 илјади мејлови на Gazprom, а во новата објава на Twitter се заканија поагресивно. Останува да видиме што ќе се случува допрва, односно какви хакерски напади ќе има врз компанијата.

Автор: Aleksandar Stankov