Робот што може да скокне врз зграда од 10 спрата
Објавено на 29.04.2022 во Новости

Американските научници претставија неверојатен робот што може да скокне над 100 пати во споредба со својата височина. И покрај тоа што е висок само 30 сантиметри и тежок 30 грама, роботот е способен да скокне 33 метри во воздух, што е еквивалент на височината на зградата од 10 спрата.
Научниците од Универзитетот во Калифорнија, што го развиле роботот, веруваат дека тој еден ден би можел да се користи и на Месечината. Со оглед на тоа што површинската гравитација е послаба на површината на Месечината, роботот потенцијално би можел да помине оддалеченост од околу 500 метри во еден скок, истакнува тимот што го направил.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.