Apple ќе добие казна од 37$ милијарди поради ограничен пристап кон Apple Pay

Објавено на 03.05.2022 во iOs



Apple ќе добие казна од 37$ милијарди поради ограничен пристап кон Apple Pay

Apple би можел да добие голема казна поради ограничување на пристапот кон нивната технологија Apple Pay. Со тоа ќе мора да го отвори својот систем за мобилно плаќање за конкуренцијата, затоа што антимонополските регулаторни тела на ЕУ го обвинила производителот на iPhone дека го ограничил  пристапот кон неговата технологија, која што се користи за мобилен паричник.

Ова е второ обвинување на ЕУ против Apple, откако регулаторите на ЕУ минатата година го обвинија Apple за нарушување на пазарната конкуренција во музичката индустрија, после жалбата од Spotify. Европската комисија соопшти дека поднела тужба против Apple за злоупотреба на доминантната положба на пазарот за мобилни паричници на iOS уредите. Антиконкурентската пракса на Apple датира уште од 2015 година, кога е лансиран Apple Pay, велат од комисијата. Apple би можел да се соочи со казна во висина од 10% од глобалниот профит или 36,6 милијарди долари.