Apple Watch 8 се усовршува за прецизно мерење на температура

Објавено на 03.05.2022 во Смарт часовници



Apple Watch 8 се усовршува за прецизно мерење на температура

Смарт часовниците во денешно време можат да следат многу параметри за нашата здравствена состојба, а со секоја нова генерација на часовник, алгоритмите и софтверот се подобруваат. Производителите во иднина сакаат да ги направат смарт часовниците како медицински помагала за прецизно мерење на притисок, шеќер во крвта, телесна температура и друго.

Познато е дека инженерите на Apple веќе работат на опција за мерење на температура и беше планирано да се воведе тоа во Apple Watch 7, но не беше добро усовршено. Минг-Чи Куо сега вели дека со следната генерација на Apple Watch 8 ќе биде тоа усовршено и овозможено како опција. Температурата на кожата зависи и од надворешните околности, односно од надворешната температура, затоа самиот хардвер не може сам да ги вчита сите тие околности, па ќе мора алгоритмот да се усоврши.