Amazon направи голем чекор со Project Kuiper, директна конкуренција на SpaceX

Објавено на 03.05.2022 во Вселена



Amazon направи голем чекор со Project Kuiper, директна конкуренција на SpaceX

Project Kuiper е новиот чекор напред на Џеф Безос, што претставува природна експанзија во интернет трговијата. Новата инфраструктура со оптика и дата центри многу ќе помогне за најбрзо растечкиот сегмент на Amazon - клауд сервисот AWS

Станува збор за проект со испраќање на сателити во вселената, со што ќе се овозможи брз интернет на Земјата во сите делови на нашиот свет. Се разбира, ова ќе биде главната конкуренција на бизнисот на Илон Маск и SpaceX. Инаку, SpaceX досега има испратено 2 илјади сателити во орбитата за пристап кон брз интернет и достапност во сите делови на светот.