Илон Маск размислува како да се зголемат приходите на Twitter, ќе се плаќа ли?

Објавено на 04.05.2022 во Новости



Илон Маск размислува како да се зголемат приходите на Twitter, ќе се плаќа ли?

Илон Маск има за цел да ги зголеми приходите на Twitter, а експертите сметаат дека корисниците ќе ја плататтаа цена. Имено, тоа значи дека Twitter за одредени корисници ќе биде бесплатен, додека за други изгледа дека ќе мора да се наплаќа.

Маск најави дека за обичните корисници ќе биде бесплатно, додека деловните корисници и државните институции ќе треба да плаќаат низок надомест за користењето на Twitter. Некакви приходи се подобри од никакви приходи, напишал Маск во твит.