Samsung Galaxy Z Flip 4 ќе биде со поголем заден екран

Објавено на 04.05.2022 во Преклопни уреди



Samsung Galaxy Z Flip 4 ќе биде со поголем заден екран

Рос Јанг тврди дека Galaxy Z Flip 4 ќе пристигне со поголем заден екран со твит. Големината на секундарниот екран би можел да биде 2 инча, додека големината на моменталниот модел Flip 3 изнесува 1.9 инчи. Се уште немаме прецизни и официјални информации од производителот.

Samsung со овој потег дефинитивно ни демонстрира дека решил да продолжи да вложува во преклопните смартфони, со оглед на тоа што Galaxy Z Fold 3 ни покажа дека е посакуван тип на смартфон со високите продажни резултати.