iPhone 14: Производството на новиот модел на Apple се зголеми пред лансирањето

Објавено на 04.05.2022 во iOs



iPhone 14: Производството на новиот модел на Apple се зголеми пред лансирањето

Apple би можел да биде под ризик од новите низа затварања во Кина поради мерките за пандемијата, па затоа се шпекулира дека компанијата почнала со подготовки за предвремено производство на iPhone 14, со цел да се обезбеди дека лансирањето на новиот модел нема да биде одложено.

Foxconn е фабриката во Кина што ги склопува уредите на Apple, кој го намалил производството на неколку дена во март, откако кинеската влада воведе затварања во Шенжен. Одредени оддели за производство на iPhone беа стопирани во април, но главните операции се уште се одвиваат по планираното.

Поради тие пречки и затварања на одредени оддели, Apple наводно се одлучил да го зголеми производството во Foxconn, со тоа што побарал да се вработат повеќе работници за да се зголеми производството и бонусот за 30%.