Oppo се спрема за преклопен смартфон со дизајн на школка

Објавено на 05.05.2022 во Преклопни уреди



Oppo се спрема за преклопен смартфон со дизајн на школка

Oppo го лансираше преклопниот уред Find N на почетокот на 2022, со 7.1-инчен внатрешен дисплеј. Секундарниот дисплеј е со големина од 5.45-инчи. Oppo и Samsung се единствените производители што применуваат ултра тенко стакло (UTG) за нивните преклопни телефони. 

UTG стаклото е тенко само 0.03мм, што му овозможува да се преклопи најмалку 200,000 пати, без никакви проблеми. Тоа е тестирано пред да се пушти производот во продажба. Околу една година, наводно Oppo работи на конкурент на Samsung Galaxy Z Flip, во форма на школка. Ќе биде и конкурент на Huawei P50 Pocket, кој чини 1000 долари, додека новиот преклопен Oppo смартфон ќе биде со очекувана цена од 756 долари.