Nothing Phone нетрпеливо го очекуваат корисниците, објавени се спецификации

Објавено на 05.05.2022 во Новости



Nothing Phone нетрпеливо го очекуваат корисниците, објавени се спецификации

Првиот смартфон на компанијата Nothing (мк: Ништо), пристигнува во текот на летото. Nothing е нова компанија која што досега објавила само слушалки, но многу љубители на телефони нетрпеливо го очекуваат новиот смартфон.

Nothing е основана од страна на Карл Пеи, кој претходно ја напуштил компанијата OnePlus. Новиот Nothing Phone ќе биде со уникатен дизајн, ќе има проѕирно куќиште, AMOLED екран со големина од 6,4 инчи и FullHD+ резолуција, фреквенција од 90Hz, Qualcomm Snapdragon 778G процесор, 8GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија. 

Задната камера ќе биде со резолуција од 50MP + 8MP + 2MP, додека селфи камерата ќе биде 32MP. Батеријата ќе биде со капацитет од 4500mAh, Android 12 оперативен систем со NothingOS кориснички интерфејс. Целта на Nothing не е да го нападне премиум сегментот на пазарот на смартфони, туку да нападне со ниска цена.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: