Qualcomm развива процесори за компјутери, со кои ќе му конкурира на Apple

Објавено на 05.05.2022 во Новости



Qualcomm развива процесори за компјутери, со кои ќе му конкурира на Apple

Qualcomm сака да му конкурира на Apple со моќни процесори, на кои што работи во моментот. Компанијата за процесори со доминантна позиција на пазарот, минатата година ја презема компанијата Nuvia и најави развој на нови процесори што ќе се инсталираат во следните компјутери. 

Целта на новите процесори ќе биде да му конкурираат на хардверот на Apple, кој се покажа како многу успешен на пазарот. Извршниот директор на Qualcomm, Кристијано Амон, изјави дека развојот на нивниот процесор е во тек и дека првите компјутери со нивниот хардвер ќе можеме да го очекуваме кон крајот на 2023 година. 





Прочитајте повеќе: