VW веќе ги распродаде своите електрични возила во САД и Европа за 2022 година

Објавено на 06.05.2022 во Електричен погон



VW веќе ги распродаде своите електрични возила во САД и Европа за 2022 година

И понатаму не се гледа крајот на кризата на пазарот на автомобили, предизвикани со недостаток на чипови и компоненти. Во некои фабрики и се паузира производството, затоа што нема доволно чипови за автомобилите да се состават до крај.

Volkswagen претходно ги предупреди  сите корисници што се заинтересирани за купување на електрично возило од VW Group, да го нарачаат сега, затоа што за испорака ќе мора да чекаат следната година. Компанијата ги распродала сите VW електрични возила за 2022 година за Европа и САД, изјавил извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис