Snapdragon 8 Gen 1+ е одложен за втората половина на 2022г.

Објавено на 06.05.2022 во Новости



Snapdragon 8 Gen 1+ е одложен за втората половина на 2022г.

Пред неколку месеци се зборуваше на интернет дека Qualcomm би требало да го лансира новиот предводник Snapdragon 8 Gen 1+ 4нм во мај, и да биде вграден во телефоните што излегуваат во јуни. Сега протекоа нови информации, со кои што се тврди дека новиот моќен чип ќе пристигне во втората половина на 2022 година.

Се разбира, втората половина на годината започнува од јули, што значи дека можеби нема да биде на крајот на годината, туку на почетокот на втората половина од годината. И тоа со сигурност не го знаеме. Snapdragon 8 Gen 1+ се одликува со подобра ефикасност во трошењето на енергија, повеќе се лади и има поголема брзина.