Google со новата аквизиција ги откри своите планови за AR и VR уреди
Google е најпознат по својот прелистувач, сервисите и софтверот. Компанијата исто така има и телефони, таблети и компјутери во својата понуда, а наскоро го очекуваме и првиот смарт часовник. Следни на списокот се очилата за проширена и за виртуелна реалност.
Последната аквизиција Google ја изврши со компанијата Raxium, стартап што развива microLED технологија за екрани. Екипата од Raxium минатите пет години работела на развој на минијатурни и ценовно и енергетски ефикасни екрани со висока резолуција.
Тоа ќе биде основа за идната технологија што ќе се користи во екраните, додека нивното искуство и знаење ќе ја игра клучната улога во идниот развој на хардвер и новите производи. Google е заинтересиран за користење на microLED технологијата во своите AR и VR уреди и оваа вест за аквизицијата оди во таа насока.