NFT Open Day Gallery со дела од македонски реномирани артисти

Објавено на 07.05.2022 во Крипто



NFT Open Day Gallery со дела од македонски реномирани артисти

Вчера во просториите на Филип Морис ТКП се одржа првата NFT Gallery. Oваа ексклузивна изложба беше посетена од гости - корисници на IQOS, револуционерниот електронски уред за загревање на тутунот, кој претставува подобра алтернатива на цигарите. Посетителите имаа можност да ги погледнат NFT делата од македонски реномирани артисти. Во оваа NFT галерија беа вклучени дела од нашите познати NFT уметници како што се Darko R, Ива Станковска, Female Punx и Сара Станоеска. Уметничките правци и стилови како што се минимализам, футуризам, поп-арт, аниме и уште многу други, имаат за цел за прв пат да овозможат едно поинакво визуелно дожививање, кое претставува уникатен спој на дигиталниот и физичкиот свет.

NFT делата беа прикажани со помош на LED-екрани, а овој тип на изложување нуди огрома флексибилност и отвoра простор за многу можности затоа што може да се вклучат и движења и звуци во самите уметнички дела. Низ светот постојат повеќе реномирани NFT галерии, како на пример во Чикаго, Хонг Конг, Бостон, Берлин каде самите артисти фузираат физички уметнички дела кои одат во пакет со NFT.

NFT е дигитален асет/дигитален токен, базиран на блок-чејн технологија, кој претставува и застапува објекти и дела од реалниот свет како што се уметност, музика, но и ин-гејм објекти и видеа.

Oваа ексклузивна изложба ќе биде достапна за сите IQOS корисници кои сакаат да ја посетат на 7ми мај (сабота), од 11 до 15ч.