SpaceX се убедени дека луѓето ќе стигнат на Марс до 2030г.
Објавено на 09.05.2022 во Вселена
Основачот на SpaceX, Илон Маск, претходно изјави дека пред 2030 година сака да ја реализира првата мисија на Марс. Сега истото го потврди и претседателката во истата компанија Гвин Шотвел.
„Мислам дека ќе се реализира во оваа деценија. А на Месечината и порано. Мислам дека мора да испратиме конкретна мисија на Марс, бидејќи тоа ќе ги натера луѓето да почнат да размислуваат за тоа. А потоа, мислам за 5-6 години, луѓето ќе сфатат дека тоа е вистинското место на кое што можат да отидат“, изјавила Шотвел за CNBC.
За таа цел мора да се изгради и леталото Starship, на кое што од SpaceX работат веќе со години.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.