AirTags му помогнале на човек да поврати украдена роба од 7,000$

Објавено на 10.05.2022 во Смарт



 AirTags му помогнале на човек да поврати украдена роба од 7,000$

AirTags беше претставен од Apple за прв пат од 2021 година, од кого имаме неколку успешни приказни. Во човечката природа е да се споделуваат лоши и добри приказни. AirTags не е лоша приказна воопшто.

Најновиот случај со AirTags доаѓа од Австралија со фотографот Грејам Тејт, на кого му упаднале додека бил на одмор во Јужна Австралија. Крадците влегле во неговата кола и го украле неговиот notebook, Sony камерата, паричникот, GoPro камера и други вредни уреди, во вредност од 7,000 долари.

„Мојот автомобил беше оштетен додека патувавме околу Flinders Ranges минатата вечер и ми ги земале чантата за лаптоп и камерата - двете се поврзани со AirTags“, изјавил Тејт. 

Добрата страна на приказната е тоа што украдените уреди биле следени благодарение на AirTags, кој останал во хотелот каде што спиел Тејт. Полицијата така ги фатила крадците лесно, а нештата биле вратени на Тејт за кратко време.